ТЕКОВНА АКТИВНОСТ
СВЕЧЕНА СЕДНИЦА ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈОТ 35 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕ И АКТИВНОСТ НА ДРУШТВОТО
На 26 април 2025-та година со почеток во 19:00 часот во салата на Културно Информативниот Центар на град Скопје ќе се одржи свечена седница по повод јубилејот 35 години од постоење и активност на Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка – Скопје.
На настанот ќе се одржи и годишно собрание на друштвото на кој ќе се разгледаат извештаите за активностите на Друштвото во изминатиот период како и финансиските активности.

РЕАЛИЗИРАНИ НАСТАНИ

На 26 април 2025-та година со почеток во 19:00 часот во салата на Културно Информативниот Центар на град Скопје се одржа свечена седница по повод јубилејот 35 години од постоење и активност на Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка – Скопје.

На 17 и 18 јуни 2024, во преполниот аудиториум на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржаа две предавања од проф. Јуџи Јамада од Универзитетот Мие, Јапонија на тема „Трансформација: нинџата и неговата претстава во светот и во Јапонија“.

На На 1 и 2 ноември 2024 година во Кинотеката на Македонија се одржа јубилејното 10-то издание на Меѓународниот фестивал на етнографски филм ЕТНОФФ.

На 22 ноември 2021 година се одржа свеченото отворање на изложбата „Јапонија низ фотографии“ во присуство на г-дин Хиронори Савада.

На 22 ноември 2021 година, во Галеријата на Детскиот ликовен центар и Кинотека на Македонија, се одржа свеченото отворање на изложбата „Јапонија низ фотографии“..

На 16 мај 2019 година, Скопје беше домаќин на делегација од Јапонското друштво за пријателство, која имаше за цел да го зајакне културното и економското поврзување помеѓу Македонија и Јапонија.
