




На 17 и 18 јуни 2024, во преполниот аудиториум на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржаа две предавања на тема „Трансформација: нинџата и неговата претстава во светот и во Јапонија“ од проф. Јуџи Јамада од Универзитетот Мие, Јапонија. Тие беа поврзани со историскиот развој на нинџите, како и стереотипите поврзани со нив во западната култура.
Амбасадорот на Јапонија, г-дин Оцука Казуја, го отвори предавањето со краток говор на македонски.
Oрганизатори на предавањата и на гостувањето на професорот беa Јапонската фондација, Јапонската амбасада во РС Македонија, Македонско-јапонското друштво на пријателство и соработка и Институтот за етнологија и антропологија (ПМФ, УКИМ).

Leave a comment