СВЕЧЕНА СЕДНИЦА ПО ПОВОД 35-ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕ

На 26.04.2025 во КИЦ, Друштвото за Македонско-Јапонско пријателство и соработка одржа свечена седница одбележувајќи точно 35 г. од формалната регистрација на здружението.

На свечената седница се обратија Н.Е. Амбасадорката на Јапонија, г-а Сецуко Кавахара додека во име Министерството за надворешни работи и трговија се обрати г-а Маја Апастолова Балабурски.

Седницата ја водеше потретседателот г. Јован Лазарев,а извештаи за работата на здружението поднесоа претседателот Каранфилски и г. Гоце Божиновски од надзорниот одбор. Претседателот Оливер Каранфилски ги истакната залагањата на членовите и пријателите на друштвото низ изминатите години, со благодарност и желба за уште посилни врски меѓу двете земји. Околу стотина долгогодишни, но и нови пријатели на друштвото уживаа и во музичките точки и коктелот по официјалниот дел.

Leave a comment