







На 1 и 2 ноември 2024 година во Кинотеката на Македонија се одржа јубилејното 10-то издание на Меѓународниот фестивал на етнографски филм ЕТНОФФ, организиран од Македонското студентско етнолошко друштво, во партнерство со Институтот за етнологија и антропологија и Македонско-јапонското друштво на пријателство и соработка.
Во блокот „Земја во фокус: Јапонија“ беа прикажани три документарни филмови и тоа:
– „Чикара – синот на сумо борачот“ од Сајмон Леренг Вилмонт (Јапонија, Данска)
– „Сонувајќи го Мураками“ од Нитеш Ањаан (Данска) и
– „Создавање на еден Јапонец“ од Ема Рајан Јамазаки (Јапонија/САД/Финска/Франција)
На проекцијата беше присутен Амбасадорот на Јапонија во Македонија н.е. Казуја Оцука, кој за оваа прилика се појави во целосна македонска носија од регионот на Скопска Црна Гора.

Leave a comment